Владата и Регулаторната го демантираат Мицкоски: Гас ќе има, нема шанси за ценовни шокови на парното
Остри реакции и демант од институциите- Владата и Регулаторната - по вчерашните загрижувачки превидувања на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека државата има обезбедено гас до крај на оваа година, а од 1 јануари истиот ќе може да се обезбеди, но со 2 ипол пати повисока цена, што ќе повлече поскапување на парното греење.
Од Владата за ТВ24 со став- Регулаторната комисија за енергетика ги одредува цените, а се друго се сведува на ниво на шпекулации.
„Додека за ова прашање не се произнесе Регулаторната комисија за енергетика, сите најави за наводно поскапување на цената на парното ги сметаме за неодговорни и неосновани, и шпекулациите во однос на ова прашање ги оценуваме како неодговорно политичко агитирање.“ - Влада.
Регулаторната комисија велат дека гас сигурно ќе има и потенцираат дека не постојат шанси за ценовни шокови.
Од Регулаторна дополнително со порака - набавката на природниот гас секогаш се прави кон крај на ноември и почетокот на декември, затоа што договорите за набавка се склучуваат токму овој период.