Владата и бизнисот во “клинч“: Доцни ли повратот на ддв?
Поплаките на бизнис секорот за доцнењето на исплата на повратот на ДДВ-то, премиерот Христијан Мицкоски вели дека не ги чул.
Поголеми отстапувања во неговиот мандат немало од тоа што било пракса во минатото. Мицкоски е убеден дека повратот на ДДВ, редовно се враќа кај фирмите.
Христијан Мицкоски премиер
„Данокот на додадена вредност се враќа редовно, но тоа што е разлиока од претходно е што сега внимателно се проверува за да не ни се случи Крмозов, и слични би рекол луѓе кои го злоупотребувале и црпеле буџетот и ве ограбувале вас граѓаните. ( Стопанството вели дека над три месечи чека, затоа прашувам) Јас имам редовни состаноци со Стопанските комори и апсолутно не сум слушнал вакви информации.“
Оваа изјава премиерот ја даде во присуство на неговата колешка од Владата, министерката за финансии Гордана Димитриеска кочоска која би требало да има и порецизни податоци, но таа не стана да дообјасни.
Пред само два дена во Аргумент плус на Телевизија 24 Габриела Кулебанова од Стопанската комора изјави дека повратот на ддв за дел од компаниите доцни, повеќе од законски утврдениот рок.
Габриела Кулебанова Стопанска комора
„Да има доцнење во повартот на ДДВ. Апелираме во однос на тоа. Контролите се засилени, кај оние кои што бараат поврат на ддв. Кочницата е кај оние кои работеле нерегуларно и треба да се казнат и тука се закочуваат работите и за оние кои работат регуларно и треба да им се врати.“
Пред еден месец и од Организацијата на работодавачи се пожалија дека повратот на ддв доцни повеќе од три месеци. Според нив со доцнењето на повратот на ддв најголем проблем имаат трудоинтензивните дејности.
Владанка Трајкоска Претседателка на Организацијата на работодавачи
„Имавме состанок со нашите членки во Организацијата на работодавачи, и тие замолија да интервенираме до владата да ги разгледаат нивните барања, и дека сериозно имаат проблем со ликвидноска токму од причина што имаат задршка на ддв-то по однос на поврат. “
Во телефонски разговор и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Менди Ќура ни соопшти дека членки од ова бизнис здружение истакнале дека им се доцни со повратот на ДДВ. На број не биле многу вели Ќура, но има фирми кои со месеци си ги чекаат своите пари од државата.

