Владата го усвои предлог ребалансот на Буџетот
Парите за капиталните проети кои доцнат со реализацијата ќе завршат за плати на вработените во јавниот сектор. Владата го скрои ребалансот на буџетот за годинава. Од 800 милиони евра колку што владата предвиде за годинава да гради капитални проекти, 300 милиони евра ќе пренамени за палти, социјални трансфери и пензии. Министерот Фатмир Бесими изјави дека со овој ребаланс на буџетот нема промени во приходната ниту во расходната страна. На исто ниво од 4,6 отсто останува и буџетскиот дефицит бидејќи не се предвидени засега нови задолжувања.
„Ставката плати во јавниот сектор ја зголемуваме за 4,25 милијарди денари, и тоа за околу три милијарди денари за платите за 10 отсто од месец септември. За покачувањето на платитена 1000 функционери, односно 400 судии 150 обвинители 120 пратеници, 50 правобранители, владини функционери, министри, директори предвидени се 720 милиони денари,“ вели Бесими.
Бесими уверува дека скратените пари за капитални проекти не значи дека владата се откажува од нив, туку ги става дел во мирување, а дел се градат со послаба динамика. Бесими најави дека со ребалансот на буџетот се обезбедени пари и за нов пакт на мерки. Што точно ќе содржи државната помош и за кого конкретно ќе важи, ќе се знае од понеделник.
Со ребалансот на буџетот проекцијата за еконјомскиот раст годинава е намалена од 2,9 на 2,5 отсто а има зголемување на прогнозата за инфлацијата која сега изнесува 8,9 отсто. Министерот посочи дека годинава државата ќе собере шест милијарди денари помалку од наплата на ДДВ во однос на предвиденото.