Владата го ограничи извозот на заштитни маски
Владата донесе одлука за ограничување на извозот на економските оператори и производители на заштитни маски од државава во количина која нема да надминува 80 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски од хартија, целулозна вата или целулозни влакна и пластични маски со текстилен филтер.
Усвоено е дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.

