Владата е стабилна и продолжува посилно повторуваат од ВМРО-ДПМНЕ и движењето Вреди
Не можам да му верувам на Арбен Таравари тој ме издаде, ова го изјави Зијадин Села денеска чие крило од Алијанса за Албанците е во коалиција со ДУИ со што ја отфрли можноста за повторно обединување на Алијанса.
Тој го повика членството од другото крило да му се приклучат, бидејки според него тие челнови биле излажани. Села истакна и дека нема ништо лично против Арбен Таравари, но смета дека тој нема јасен став во политичкото делување.
Села исткна и дека е потребно обединување на целиот албански блок, а за можниот влез на Таравари во ДУИ, Села кажа дека имало неколку средби меѓу Ахмети и Тарвари изминатиов период, но очекува прво да види јасен предлог дека некој сака да се приклучи на „Европскиот фронт“, па потоа, ќе се изјасни дали ќе остане или ќе ја напушти опозициската коалиција. Тој вели и дека не планира засега да има средба за премиерот Мицкоски за негов влез во Владата, туку посочи дека со премиерот би имал средба само ако разговараат за уставните измени, односно ќе бара промена на Уставот во делот на албанскиот јазик.
Од ДУИ пак повторно изразија загриженост за како што велат погрешниот правец во којвВласта ја води државата.
- По клучните прашања од стратешки интерес, власта се соочува со целосен пораз на приоритетите кои самата ги престави како државен интерес, што несомнено треба да резултира со предвремени парламентарни избори. Водени од популистичките мотиви во пресрет на претстојните локални избори, власта целосно го отстрани „Европското досие на земјата“ и можноста за продолжување на преговорите со ЕУ. - ДУИ.
Од друга страна додека опозицијата вели дека владеачката колиција е на стаклени нозе и бара со локалните да има и парламентарни избори, претседателот на Собранието Африм Гаши уверува дека паламентарното мнозинство е стабилно.
- Мислам дека нема потреба од никаква паника, мнозинството е стабилно, мислам дека треба да се продолжи понатаму да се работи без разлика дали некој ќе влезе, ќе излезе. Мислам, нема да има голема промена во бројот на пратениците. Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме. Од друга страна, локални избори се наближуваат, но мислам дека не треба да не фаќа така секогаш изборна треска и адреналин дека мора да правиме избори за се. Мора да ги сфатиме локалните избори по природата, какви се и тие во суштина. Се разговара за канализација, за водовод, за почисти патишта, осветлување и мислам дека не треба високата политика да ја вметнеме во делот на локалните избори, во изборите кои следуваат, овие редовни. Така да не би ги ставил во иста паралела, ова што е парламентарно мнозинство,мислам дека треба да продолжи до крајот на мандатот, да дадеме политичка стабилност на граѓаните, дека Собранието, владата, си течат со работа. Локални избори е друга тема. - рече Гаши.
И според Централникот Кометите на ВМРО-ДПМНЕ влаедачката коалиција е стабилна и силна и ги исполнува очекувањата на граѓаните и покрај бројните предизвици.