Владата донесе Одлука за 30-дневна кризна состојба на јужната и северната граница
Foto

Владата донесе Одлука за 30-дневна кризна состојба на јужната и северната граница

Владата денеска на седница, согласно заклучокот од седмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, Владата ја донесе Одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на КОВИД-19, која ќе трае 30 дена од нејзиното влегување во сила.

- Со оваа одлука се утврдува постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, соопшти владината прес-служба.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука, додаваат од Владата, ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.

0 Коментари

Остави коментари