Владанка Трајковска нов претседател на ОРМ
Foto

Владанка Трајковска нов претседател на ОРМ

Организацијата на работодавачи на денешното собрание избра нов претседател - Владанка Трајковска управител на „Раде Кончар“.

На денешната прес-конференција таа истакна оти се надева  дека во иднина организацијата ќе се издигне уште повисоко, дека гласно ќе ги кажува своите ставови и своите размислувања во однос на социјалното преговарање и економска политика која се води во државата, како и дека ќе бидат препознатлив фактор во одлучувањето на социјалниот дијалог.

Новиот член на организацијата на работодавачи, Ирена Јакимоска, пак порача дека промените може да настанат само во нас и заедно интегрирани, вели може да направиме подобро општество. По собранието на ОРМ, се одржа и дебата за состојбите во македонската економија, пред и по пандемијата.

0 Коментари

Остави коментари