Влада за ТВ 24: Одобрени над 2,2 милиони евра за набавка на лекот трикафта за најкритичните болни од цистична фиброза

Владата на прашањето на ТВ 24 за итната набавка на лекот трикафта го испрати следниот одговор:

- Во врска со Вашите прашања Ви посочуваме дека веќе се одобрени над 2,2 милиони евра за во најкраток можен рок да се набави лекот за најкритичните болни од цистична фиброза.

Посебно тело составено од експерти од повеќе институции како и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза во најкус рок треба да подготви предлог измени на закони преку кои ќе се овозможи директно да се преговара за набавка на лекот и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти.

Ова системско решение ќе ја забрза набавката и поедностави сегашната бирократска процедура. Исто така, за првпат ќе се подготви тригодишна Програма за пациенти со цистична фиброза, во која што ќе има буџетска предвидливост за секоја година за да може сите пациенти да го добиваат лекот. - се вели во одговорот од Владата.