Влада: Првите 100 дена се заокружуваат со покачување на пензиите

Од денеска почна исплатата на септемвриската пензија со покачување од 2.500 денари. Од Владата посочуваат дека над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2.500 денари, а од март следната година следува уште едно покачување за 2.500 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски  на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од првите 100 дена од работата на Владата. Под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, премиерот ќе ги прикаже постигнувањата, проектите и мерките кои беа реализирани од новото раководство откако ја презеде извршната власт.