Влада: Охрид и Струга за десет дена да донесат план со рокови за спроведување на препораките на Унеско
Foto

Влада: Охрид и Струга за десет дена да донесат план со рокови за спроведување на препораките на Унеско

Владата донесе одлука да го повлече законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион и им препорачува на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на планот за управување со природното и културно наследство.

Владата им препорачува на општините во рок од десет дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на Унеско. Три министерства се задолжени да ги координираат активностите за спроведување на препораките на Унеско.

 

0 Коментари

Остави коментари