Влада: Одлуката за двојазични униформи на полицијата е согласно уставот и законите
Откако вчера тв24 побара став од владата за одлуката за двојазични униформи за полицијата, ставот дојде денеска. Владата вели дека согласно законот за употреба на јазиците.
- Согласно член 8 став (3) од Законот за употреба на јазиците „Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.“
Имајќи го предвид наведеното, законодавецот јасно и прецизно утврдил во кои делови е потребно да се изврши усогласување со одредбите од Законот за јазици.
Во поткрепа на уставност на Уредбата се надоврзуваат и уставните одредби каде се предвидени темелните вредности на уставниот поредок на државата, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати и утврдени со Уставот, владеењето на правото, па врз основа на тоа, граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Следствено на ова, Уредбата е донесена врз основа на Законот за јазици и е во согласност со Уставот на РСМ, а Законот за јазици е донесен од страна на Собранието во согласност со Уставот.

