Влада: Не требаат мерки, цените се во ред!
На седницата на Економскмо социјалниот совет не се зборувало за животниот стандард на граѓаните а ниту за платите и мерки. Тоа што се разговарало, како што кажа, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши било законот за високо образование.
Според Дурмиши, анализата која ја подготвувале подолго време покажала дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека дополнително ќе разговараат со сите засегнати страни кои се вклучени во ланецот од нива до рафт. Просечната минимална кошничка била прифатена ама не од сите страни и за тоа дополнително ќе треба време да се усогласат сите страни.
Од Сојузот на синдуикати на Македонија велат дека на седницата се разговарало за работи кои не се во интерес на работникот, платите и стандардот на граѓаните според Иван Пешевски не се предмет на дискусија за Владата. Од ССМ децидни дека остануваат на ставот дека платите и безбедноста при работа се сегментите на кои треба да поработи Владата дури потоа се останато.
Годишната инфлација во Македонија во јуни изнесув 3,4 проценти, откако во мај изнесуваше 4,8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вредноста на синдикалната минимална кошничкаа за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, кошничката за јуни изнесува 84.024 денари, напоменува синдикатот.

