Вкупно 211 години казна затвор, највисока за Чавков, Дурловски ослободен
Foto

Вкупно 211 години казна затвор, највисока за Чавков, Дурловски ослободен

Мирно и без реакции поранешниот шеф на БЈБ, Митко Чавков ја слушна пресудата како првообвинет за крвавиот четврток. Неговата казна е највисока меѓу изречени 16 затвори. Сите вкупно добија 211 години затвор. Абдуљфета Аљими- член на собраниското обезбедување кој му го спаси живтотот на Зијадин Села и Александар Василевски Нинџа кој со сведочење ги откри нарачателите добија под предвидениот минимум, 7 и 8 години затвор.

Со патриотски пораки и иронија обвинетите ја дочекаа одлуката. Ја молеа и убедуваа судијката Кацарска да не ги праќа уште вечерва во притвор. Шефицата на организиран криминал Вилма Русковска беше отсутна на пресудата. Нејзината заменичка побара, а советот на чело со Кацарска ги прати сите 16мина од судница зад решетки до правосилност на пресудата. 

Најпогодени од одлуките беа семејствата на обвинетите, кои повеќе од четири часа во судница во солзи го следеа последното рочиште. Само еден денеска го напушти судот со насмевка и овации од пријателите. Оперскиот пејач Игор Дурловски е ослободен од обвинението. Со Законот за амнестија пратениците, но и ораганизаторите на протестие За заедничка Македонија, како и дел од собраниските вработени ја добија слободата, а бројот на обвинети во меѓувреме се преполови. Постапката траеше речиси седум месеци, а денешните казни не се конечни, обвинетите најавија жалби пред Апелација.

0 Коментари

Остави коментари