Вклучени и кучиња трагачи во потрагата по возачот и евентуалните сопатници од „голфот“ што падна вардар кај Желино

Трет ден во потрага по исчезнато лице. Екипи на ДЗС и МВР во обид да влезат во трага на исчезнатото лице во водите на реката Вардар кај Желино.

МВР во тимот вклучи и куче трагач и нуркачи, а директорот на ДЗС, Беким Максути вели дека веднаш штом добиле информација од МВР го вклучил и својот тим, само првиот ден во потрагата по исчезнатото лице биле поминати околу 12 километри. 

Потрагата е отежната поради сметот и шутот во реката Вардар, појаснува Максути но вели се прават сите натчовечки напори за да се пронајде пријавеното исчезнато лице. 

Во вторникот тетовската полиција доби пријава дека излетал „голф“ во реката Вардар од кај мостот кај Желино. Се уште се утврдува дали имало и други сопатници во возилото. Од МВР информираат дека активно работат на расветлување на случајот.