Вклучен еден блок во РЕК Битола, се уште се влече струја од Европската мрежа
Foto

Вклучен еден блок во РЕК Битола, се уште се влече струја од Европската мрежа

Утрово во 6:30 е вклучен блок 1 во РЕК Битола, откако по вчерашниот пожар беа исклучени сите блокови, а според информациите на ТВ24, Македонија влечела струја од Европската мрежа.

Според информациите од енерегетските компании на ТВ24, блокот 3 се уште не е вклучен, а вториот блок е во ремонт, кој се очекува да заврши во понеделник.

Според нашите информации, со третиот блок имало проблем со трансформаторот.

Иако еден блок, според информациите од енергетските компании, е во полн капацитет на мрежа, сепак земјава се уште влече струја од Европската мрежа.

Иако, како што брифираат, тоа не е големо количество поради топлото време.

Оваа струја се влече само во вонредни ситуации, а цената е висока,.Европската мрежа повеќе пати досега ја предупреди Македонија за земање струја без предупредување, бидејќи земјава има дисбаланс меѓу производството и потрошувачката.

0 Коментари

Остави коментари