Виз Ер скопски маратон: Никовски и Хајдари победници на трката на пет километри

Григоријан Никовски и Ирма Хајдари победија на трката на пет километри која утрово се одржа во рамки на 21. издание на Виз Ер скопскиот маратон.

Во најмасовната трка во која на стартот се појавија околу 10.000 учесници, Хајдари од атлетскиот клуб Делта мина низ целта со време од 18 минути и 54 секунди.

На машката трка на пет километри, најбрзо време оствари Григоријан Никовски, кој делницата ја истрча за 15:53 секунди.