Високата температура ги исушува реките Дунав и Рајна - Унгарија, Србија и Романија пред енергетска криза?!

Високите температури, сушата и пожарите ги погодија Европа и Балканот. Нискиот водостој на Дунав создава проблеми за енергетиката – Романија минира карпи за да го расчисти коритото и да ја спаси нуклеарката Чернавода, додека Унгарија целосно ја исклучи нуклеарната централа „Пакш“. 

Петар Маѓар, премиер на Унгарија 

„Мораме постојано да го следиме енергетскиот биланс од час во час. И доколку е потребно, ако намалувањето на доброволната потрошувачка од страна на големите компании не е доволно, мора веднаш да интервенираме и да спроведеме задолжително намалување. Или уште полошо, да се иницира исклучување за одредени индустриски потрошувачи“, изјави Петер Маѓар, премиер на Унгарија. 

Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија и во  Романија.  Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа Чернавода, а според последните информации од тамошните служби со работа привремено е прекината и фрабриката на автогигантот Форд....

Марсел Никулае, мајор во Романската армија  

„Мобилизирани се екипи на армијата и останатите служби и работиме рамо до рамо, но ситуацијата е многу сериозно, се надеваме дека активностите кои ги преземаме ќе дадат резултат деновите кои следат“ вели Никулае

Критична е состојбата и со Реката Рајна која  падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија. Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Германскиот информативен систем за низок водостој соопшти дека 44 отсто од мерните станици на Рајна и 78 отсто од оние на Дунав регистрирале екстремно ниски нивоа на вода на крајот на јули. Рајна, која извира во швајцарските Алпи и се влева во Северното Море, е еден од најпрометните водни патишта во Европа.

Германските власти велат дека е малку веројатно дека бродскиот сообраќај по Рајна ќе биде целосно суспендиран, но ќе треба да се преземат мерки на претпазливост. Проблеми има и во Србија со хидроцентралата „Ѓердап“се соочува со потешкотии во работењето, додека пак во соседните Албанија и Грција беснеат пожари.