Виси ли цензусот за претседателските избори?
Дали условувањата на дел од партиите од албанскиот блок ќе бидат пречка за постигнување на потребниот цензус при избор на шеф на државата особено во вториот круг откако Ахмети и Таравари се заканија со бојкот доколку шефот на државата не се бира со двотретинско мнозинство и бадентер во законодавниот дом?
Интегративците отидоа дури и подалеку откако предложија во Собранието да се бира и заменик претседател, а и денеска велат дека партиите не требало ова да го сфатат како условување и дека очекува сите да се согласат со тоа.
Од албанскиот опозициски блок пак денеска со контра став, но и порака до Ахмети јавно прашувајќи го:
- Ако навистина се залага за Прв Претседател Албанец треба на јавноста да и објасни зошто не ја подржа кандидатурата на Арбен Таравари и зошто се обидува да ја минира можноста Албанците да имаат шеф на државата во 2024. Поставуваме јавно прашање за кои кругови служи Али Ахмети со одлуката да го распарчи албнското гласачко тело.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак за условувањата на ДУИ, повторија дека државата не е заложник на една партија за да можат на тој начин да условуваат, но и им порачаа дека е време да заминеле како што велат во опозиција.
Од СДСМ пак синоќа преку соопштение, го кажаа ставот, отако нивниот лидер Ковачевски не кажа дали му се прифатливи условите на Ахмети, туку само ги препиша на предизборанта реторика и токму заради тоа не се плаши за цензусот.
Единствен претседател на државата кој се бираше во законодавниот дом беше само Киро Глигоров по осамостојувањето на државата во 1991. Сите останати шефови на државата се бираа на непосредни избори, а за постигнување на потребниот цензус при нивниот избор голема улога имаа гласовите на Албанците во земјава. Иако цензусот од 50% беше на намален на 40%.