Vipper.com за тројцата најдобри студенти од УАКС обезбеди финансиско олеснување
Денес, 17-ти октомври 2019, во просториите на Универзитет Американ Колеџ Скопје пред студентите се одржа предавање на темата “Постојаност во бизнисот” од страна на гостинот предавач г-дин Емануел Понзо Диеу, ЦЕО на компанијата Vipper.com од Холандија. Предавањето беше наменето за сите студенти од прва година, со цел потикнување на претприемачкиот дух кај младите и претставување на вистински примери од пракса на оваа интернационална компанија.
Vipper.com за тројцата најдобри студенти од УАКС кои ќе покажат највисок просек на крајот од академската година обезбеди финансиско олеснување.
Vipper.com e компанија со седиште во Амстердам која нуди воздухопловно-технолошки услуги со цел да им обезбеди на патниците интегрирано решение за воздухопловен и сувоземен транспорт. Новата генерација патници користат апликации што им заштедуваат време и енергија при планирање и патување. Имајќи го предвид ова, Vipper.com создаде мобилна апликација која на патникот му овозможува на брз и ефикасен начин да го организира своето патување, без проблеми. Со Vipper.com, патникот може да го резервира својот билет од почетна до крајна дестинација со само една резервација, овозможувајќи им целосно уживање во своето патување, без дополнителни потешкотии.
Компанијата е целосно фокусирана на иновации и софтверски решенија, а преку соработката со УАКС и донацијата во образовниот процес, дополнително придонесува за општествена одговорност и вложување во заедницата.