Вилма Русковска разрешена од јавен обвинител, Советот на ЈО гласаше едногласно

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска веќе не е јавен обвинител.

Советот на јавни обвинители едногласно го усвои предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за разрешување на обвинителката, откако против неа и уште две нејзини колешки беше поведена дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција пред речиси една и пол година.

Русковска за ТВ 24 вели дека е разочарана од одлуката на колегите, но не е изненадена.