Вилијамс го претстави новиот болид за сезоната 2019
Foto

Вилијамс го претстави новиот болид за сезоната 2019

Формула 1 тимот Вилијамс го претстави болидот за претстојната сезона во која спонзор ќе им биде британската компанија за телекомуникации „ROKiT“.

Новиот болид  е комбинација на бела и светло-сина боја.

Од оваа сезона ќе недостасува спонзорот „Мартини“ кој даваше поддршка на Вилијамс од 2013 година.

Договорот за спонзорство со „ROKiT“ беше објавен вчера во фабриката на Вилијамс во присуство на директорот на тимот Клер Вилијамс и возачите за сезоната 2019, Роберт Кубица и Џорџ Расел.

0 Коментари

Остави коментари