Викендов стабилно и потопло, од понеделник краткотрајни поројни врнежи
Foto

Викендов стабилно и потопло, од понеделник краткотрајни поројни врнежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 7, а максималната од 16 до до 24 степени.

Во Скопје, сончево со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 22 степена.

Според УХМР, за викендот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Од почетокот на следната недела ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат без промени.

0 Коментари

Остави коментари