Викендов изборот на новата влада во Собрание
Димитар Ковачевски ќе има 48 часа да ги сослуша аргументите на власта и опозицијата во Собранието за новиот предлог владин состав да го помине собранискиот филтер.
Опозицијата веќе се подготвува за сериозна дебата и соочување на аргументите зошто предлогот на Ковачевски не е прифатлив за нив, но и зошто бараат нови предвемени парламентарни избори. И денеска од партиското седиште со порака до Бихаќка дека ќе ги искористат сите расположливи институционални сретства кои што им стојат на располагање.
Од СДСМ пак и деновиве во своите реакции и порачуваа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Мицкоски наместо да се интересираат само за предвремени парламентарни избори да покажат конструктивност и соработка за да може во собранието да се изгласа новата влада на мандатарот Ковачевски а од понеделник да се пристапи кон решавање на реалните проблеми и предизвици пред кои се исправени граѓаните.
- Новата Влада не само што има легитимитет, туку има проширено и стабилно мнозинство во Собранието. Оттаму, Владата има полн легитимитет да ги носи сите одлуки и да ја спроведува владината програма во интерес на граѓаните и државата. Празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ се само недостаток на други аргументи, недостаток на политики, предлози, идеји од опозициската партија во која ништо не се променило, велат од СДСМ.
И од албанскиот опозициски блок велат ќе ги изнесат своите аргуенти зошто предлогот на Ковачевски не е прифатлив за нив. Седницата во законодавниот дом на која е ставена точката за изборот на новата влада е закажана за утре со почеток во 11 часот .
И дел од помалите партии кои се од владејачката коалиција пак го условија гласањето на новата влада барајќи да се донесат и измените во Изборниот законик. Зад овој предлог се потпишаа ДС, ЛДП, ДОМ, ВМРО НП и ДПТ. Велат не отстапуваат од барањето за една изборна единица на целата територија на земјава.