Викендов дводневен коњички турнир на хиподромот во Маџари

На хиподромот во скопско Маџари, клубот Илинден и Коњичката федерација на Македонија викендов ќе одржат дводневен турнир во прескокнување пречки.

За денес од 10 часот е предвидено да се одржи последното, 6. коло од Државното првенство во прескокнување на пречки. 

На програмата се шест натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц, Д, Е и Е* со височина на пречките од 0,70 до 1,30м./ширина до 1.40.

Утре со почеток во 10 часот на распоредот е 2. коло од Купот на РСМ во прескокнување на пречки. Ќе има натпревари во категориите Е, Е*,A*,А**C** и М* со височина на пречките од 0,70 до 1,20м./ширина до 1.40.