„Викенд на дијалог-новинари против предрасудите“: Македонско-бугарските односи да бидат процес за градење доверба и пријателство
Foto

„Викенд на дијалог-новинари против предрасудите“: Македонско-бугарските односи да бидат процес за градење доверба и пријателство

Иницијативата „Викенд на дијалог – новинари против предрасудите“, смета дека македонско-бугарските односи треба да бидат процес на градење доверба и пријателство, а не тема за дневна политика, преку која ќе се подгреваат негативни емоции во двете држави.

Ова е само една од 13-те точки на Декларацијата, против предрасудите, говорот на омраза и лажните вести во меѓусебното известувањата, што ја објавија новинарите учесници на првиот „Викенд на дијалог“, кој во септември 2019 година се одржа во Охрид.

Новинарите од Бугарија и од Р.С Македонија, ги повикуваат државните власти и политичките структури во двете држави енергијата и фокусот да го насочат кон јакнење на добрососедските односи, економската соработка, инфраструктурното поврзување, а темата за македонско-бугарските односи да ја изостават од своите дневно-политички агенди, истовремено ги повикуваат владите на како и политичките елити во двете држави, да придонесат кон поголема слобода и независност на новинарите и медиумите.

Дел од точките на декларацијата се посветени и на самите медиуми, за кои новинарите учесници на „Викенд на дијалог“ сметаат дека во процесот на намалување на предрасудите е потребна поголема размена на информации и поттикнување на медиумите за ангажирање на дописници во редакциите од двете држави.

Новинарите учесници на првиот „Викенд на Дијалог“ сметаат дека оваа иницијатива треба да продолжи и во 2020 година со уште еден викенд во Бугарија.

Иницијативата „Викенд на дијалог – новинари против предрасудите“ беше финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Р.Бугарија, преку Амбасадата на Р.Бугарија во Скопје.

0 Коментари

Остави коментари