Викенд акција - „МАХ“ мобилен сервис за велосипеди
Foto

Викенд акција - „МАХ“ мобилен сервис за велосипеди

Основачите на брендот „МАХ“ дојдоа до оригинална идеја. Направија подвижен вело -  сервисен пункт.

Брендот „Макс“, компанијата „АгроТехна“, информираат дека сервисот ќе се движи по должина на велосипедската патека од ГТЦ до Градскиот парк во Скопје.

Услугата ќе биде бесплатна и достапна за викендите од 10 до 19 часот.

Сите велосипедисти кои ќе имаат проблем со велосипедот, можат да пратат инфо на Вибер на бројот 078/482-999 и екипата ќе дојде за да им помогне.

Ќе се врши пумпање или менување на гуми, штелување на кочници, менување на гумички на кочниците, менување на сајла на кочниците или на менувачот на брзини, подесување на воланот, седиштето или затегнување на осовини.

0 Коментари

Остави коментари