Видеолотарија касинос Австрија и ФК Аеродром во партнерство за посветла спортска иднина

Видео-лотарија касинос Австрија е златен спонзор на ФК Аеродром 2018 скопје, клуб кој со својата посветеност и амбиција успешно се позиционира на фудбалската сцена. Компанијата во континуитет поддржува спортски проекти и вложува во развојот на македонскиот спорт, во рамките на својата визија за модерна и општествено одговорна компанија.

Партнерство беше официјализирано денеска на теренот на фудбалскиот клуб од Ново Лисиче во присуство на претставници на видеолотарија касинос Австрија и ФК Аеродром, при што беше истакнато значењето на соработката, која има за цел да придонесе кон подобрување на условите за тренинг и натпреварување на тимот.