Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на македонски јазик

Уставот и законите го утврдуваат приоритетот на македонскиот јазик и неговата употреба при службената комуникација од страна на функционерите во земјата, а дури потоа може да се употребува и друг јазик различен од македонскиот. Всушност, македонскиот јазик е неприкосновен во неговата употреба и во неговата примена.

Но, често пати фукнционерите избегнуваат да го употребуваат македонскиот јазик кој што е темел на македонскиот идентитет. Двонасочната комуникација е често нарушена поради одбивањето да се зборува на македонски јазик. Таков последен случај е заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи кој денеска одби да одговори на македонски јазик на поставено новинарско прашање.

Сличен потег со еклатантно однегнување на употреба на македонскиот јазик имаше и директорот на Инспекторатот за употреба на јазици, Арсим Идризи, кој одби да говори на македонски јазик пред новинарите.

На потегот на Арсим Идризи постоеја рекации како таа на премиерот Христијан Мицкоски и на вицепремиерот Иван Стоилковиќ, кој отиде чекор понатаму и кажа дека на владина седница ќе предложи Идризи да биде сменет.

Но, тоа не се случи – се отвара прашањето дали се случува нешто спротивно од тоа за кое што се залагал кодификаторот на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески кој своевремено напишал дека: „Сѐ додека го вардиме јазикот наш македонски, ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината.“