Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка – совеста му била чиста, заминувал со крената глава
Министерот без ресор задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска ја предаде својата оставка на премиерот.
Во своето обраќање до јавноста, Фетаи истакна дека во изминатите две години имал чест и привилегија да служи на државата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото.
„Дали сум целосно задоволен од постигнатото? Секако не. Секогаш има простор за повеќе, подобро и побрзо. Но дали работев со најголема посветеност за да поставам здрави темели врз кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да,“ порача Фетаи.
Тој нагласи дека заминува со „подигната глава и чиста совест“, оценувајќи дека ова е добро промислена одлука и најдостоинствен чекор во актуелните околности.
Фетаи им се заблагодари на сите што верувале во него, го поддржувале и соработувале, со посебна благодарност до неговиот тим, меѓународните партнери, граѓанското општество и граѓаните.
„Службата на јавниот интерес не завршува кога завршува функцијата. Таа продолжува секаде каде што се потребни интегритет, храброст и слободни гласови за општото добро,“ додаде тој.
Со ова, Фетаи ја заврши својата функција како заменик премиер задолжен за добро владеење.
Премиерот Мицкоски со коментар за оставката на вицепремиерот Фетаи:

