Вевчанскиот карневал подготвен – Вевчани ги чека гостите

Вевчани се подготвува за најголемиот настан - Вевчанскиот карневал кој ќе се одржи од 12 до 14 јануари. 

Маските се чуваат во тајност до последниот момент. 

Вековната традиција  почнува со василичарите од Горна и Долна маала, а покрај традиционалните маски на Глупи Август, зетот и невестата и ѓаволите, во дефилето ги исмеваат и актуелните политички случувања, низ звуците на зурли и тапани и со тоа ги бркаат лошите духови, за да ја пречекаат  новата година прочистени и среќни.