Весна Дамева се врати на чело на Судскиот совет

Судскиот совет денеска на работна средба, зад затворени врати и без медиуми ја анализира  одлуката на Управниот суд за враќање на функцијата на контроверзно разрешената поранешна претседателка Весна Дамева.

Во меѓувреме Управен суд ја објави одлуката, во која наведува дека Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел доказите, ниту утврдените факти, кои упатуваат на Одлука за нејзино разрешување, стои во пресудата од Управен суд. во пресудата посочуваат дека претседателот на Советот како член на Советот со право на глас има еднакви права и обврски со останатите членови, а со тоа и еднаква одговорност. 

 

Советот одлучува за дисциплинска одговорност на член на Советот, а никаде не е наведено дека истиот има надлежност да одлучува за изгласување недоверба на претседател на Советот, ниту за разрешување само од функција претседател на Советот, без претходно спроведена постапка за утврдување на негова одговорност.   Со член 8 став 4 од Законот за судски совет на Република Северна Македонија, е уредено дека претседателот на Советот се избира од редот на членовите на Советот со право на глас, а со член 41 од истиот закон е уредено дека членовите на Советот со право на глас во вршење на функцијата член на Советот се еднакви во правата и обврските. 

По пресудата, Судскиот совет нема право на жалба и треба да се постапи во рок од 30 дена.

Веднаш по разрешувањето на Дамева се појавија шпекулации дека држењето во фиока на пресудата за Сашо Мијалков од страна на судијата од скопска Апелација Енвер Беџети, е веројатната причина за скандалозните случувања во Судскиот совет, кои кулминираа со незаконска промена на претседателката Весна Дамева. Токму на седницата каде беше разрешена претседателката, требало да се разгледува претставката за судијата кој 9 месеци во фиока го чуваше предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина”.

Разрешувањето на Дамева  дополнително го наруши кредибилитетот на Судскиот совет за кој имаше повеќе реакции во јавноста, а беше и испратена Оценска мисија од Европската Унија која изготви 40 препораки за подобрувањето на функционирањето на Судот ВО КОЈА БЕШЕ НОТИРАНО ДЕКА - Нема напредок во правосудниот систем во Македонија, А Судскиот совет беше издвоен во извештајот токму поради „контроверзното разрешување на претседателката Весна Дамева“.