Верстапен со најбрзо време на првиот тренинг во Сузука

Макс Верстапен беше најбрз на првиот слободен тренинг во Јапонија.

Пилотот на Ред Бул Рејсинг го забележа најдобриот круг за 1:30.056 мин.

Втор и трет во сесијата завршија Серхио Перез исто така со Ред Бул и Карлос Саинц со Ферари.

Расел и Хамилтон (Мерцедес) завршија четврти и петти во сесијата, а шестото место остана за Леклер (Ферари). Во топ 10 влегоа и Алонсо, Пјастри, Цунода и Норис.