Верстапен најбрз и на третиот тренинг во Бахреин
Foto

Верстапен најбрз и на третиот тренинг во Бахреин

Возачот на екипата на Ред Бул, Макс Верстапен постигна најбрзо време и на третиот слободен тренинг пред утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Верстапен, кој беше најбрз и на вчерашните два тренинзи, денеска оствари време од 1:30, 577.

Зад Верстапен заврши актуелниот шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој заостана 0,739 секунди, додека трет беше возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли со заостанување зад Верстапен од 1, 006 секунди.

Трката за Големата награда на Бахреин ќе се вози в недела од 17 часот.

0 Коментари

Остави коментари