Верстапен ќе стартува од пол-позицијата на решавачката трка во Ф1
Макс Верстапен ќе стартува на пол-позицијата пред Луис Хамилтон на утрешната трка на „Јас Марина“ во Абу Даби.
Возачот на Ред Бул оваа позиција ја освои извозувајќи најдобро време на денешните квалификации во Абу Даби, веднаш зад него беше главниот конкурент, Луис Хамилтон од Мерцедес.
Покрај нив, во трката ќе учествуваат и Ландо Норис од Мекларен, како и Серхио Перез од Ред Бул, додека, на петтата стартна позиција се наоѓа Карлос Саинц од Ферари.
Последната трка која ќе го даде новиот шампион во Формула 1, а во која што двајцата возачи ќе влезат со исти поени е закажана за утре од 14 часот. ар/сст/