Вернер и Хаверц со победа дебитираа во дресот на Челзи против Брајтон
Foto

Вернер и Хаверц со победа дебитираа во дресот на Челзи против Брајтон

Германските интернационалци Тимо Вернер и Каи Хаверц имаа успешно деби за премиерлигашот Челзи. „Сините“ од Лондон синоќа забележаа победа на гостувањето кај Брајтон со 3:1.

Стрелци на головите за Челзи беа Жоржињо од пенал, Рис Џејмс, Курт Зума, за Брајтон погодокот го постигна Леандро Тросард.

Ова беше дуел од првото коло во новата сезона од Англиското фудбалско првенство.

Во следното коло, Челси ќе се сретне со Ливерпул на 20 септември, Брајтон истиот ден ќе игра против Њукасл.

0 Коментари

Остави коментари