Верижен судир на 130 возила во Јапонија
Foto

Верижен судир на 130 возила во Јапонија

Во снежна бура која го зафати автопатот во северниот дел на Јапонија и предизвика верижен судир на 130 возила, загина едно лице, а десет се повредени.

Бурата околу пладне зафати дел од автопатот Тохоку експресвеј во префектурата Мијаги.

Јапонија во изминатите неколку недели ја погоди силно снежно невреме, а во некои делови од земјата имало двојно повеќе врнежи од снег во однос на просечните.

0 Коментари

Остави коментари