Верификување на мандатите, во Собранието седнуваат шест нови пратеници, на местото на избраните градоначалници
Foto

Верификување на мандатите, во Собранието седнуваат шест нови пратеници, на местото на избраните градоначалници

Шест нови пратеници денеска ќе седнат во собраниското столче. Мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местото на народните избраници што станаа градоначалници на локалните избори, треба да бидат верификувани на пленарна собраниска седница.  

На местото на новиот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов од СДСМ треба да дојде Љубица Спасова, а Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој победи во скопската општина Аеродром, ќе биде  заменет од Тони Јаревски. Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ,  кој сега е градоначалник на  Општина Бутел, ќе биде наследен од Зоран Коцевски, а новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го замени Драган Ковачки.

Нови Градоначалници се  и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и Биљал Касами од БЕСА во Тетово.

0 Коментари

Остави коментари