Вереници извлечени од урнатините во Албанија: Не успеале да спасат мало дете

Тажни приказни секојдневно доаѓаат од албанија, во градот туман, спасувачите од под урнатините ги извлекоа телата на верениците Алмир Чаре и Стела Стенечи.

Тие останале заробени во станот, а освен нивните тела, било извлечено и телото на мало дете. Според медиумите од Албанија, тие се обидувале да го заштитат детето, но не успеале.

Албанските медиуми информираат дека пред две години, стела го изгубила својот татко, а ноќта кога се случил катастрофалниот земјотрес, била со својот вереник Алмир.