Венчавка на младенците на Галичката свадба
Во рамки на традиционалната Галичка свадба се одржа венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка одржа во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, е и централен настан на манифестацијата.
Денот на венчавката, почна со традиционалните обичаи „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“ и „тргнување по невеста“, како и карактеристичниот обичај на Галичката свадба – „гледање низ прстен“. По испраќањето на невестата и дарувањето, следуваше венчавањето во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“. Настанот заврши со свеченото испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, кое го означува симболично затворање на свадбената церемонија.
Годинашните невеста и зет Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски на прес-конференцијата пред одржувањето на манифестацијата истакнаа дека учеството на галичката свадба за нив претставува исполнување на животниот сон. Јован е потомок на старото галичко семејство Филипоски и, како што рече, уште од мал мечтаел да биде зет на Галичката свадба.

