Велковски за ТВ 24: Новите мерки се навремено осмислени и веќе се процесуирани во стопанството

Диме Велковски од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека сите овие мерки се навремено дебатирани и осмислени и веќе се процесуирани во стопанството.

- Тие мерки се во износ од 400 милиони евра и тие во кумулен ефект ќе добијат и повеќе вредност до 500 милиони евра. Сакам да потенцирам дека ги намаливме, основните производи на исхрана и немаат ддв. И опозицијата ги гласаше овие мерки и вакви мерки немат донесено некои земји. Се укинаа и сите давачки за овие основни производи кои се увезуваат и тоа се направи за да нема ценовни шокови. - рече Велковски.