Велика Британија советува да не се патува во северен Израел поради можен напад од Иран
Британското Министерство за надворешни работи ги советуваше своите граѓани да не патуваат во окупираниот Западен Брег и Газа и некои делови на Израел поради „можен ирански напад“.
Ова предупредување на Министерството, вклучува препорака да не се патува на либанско-сириската граница во северен Израел, регионот околу Појасот Газа и окупираниот палестински Западен Брег и Газа.
Источен Ерусалим и автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, заедно со другите делови на Израел, освен одредените области, се наведени меѓу областите „каде што не се препорачува да се патува освен ако е апсолутно неопходно“.
Во предупредувањето се истакнува дека влегувањето во Газа по море, дури и со флота хуманитарна помош, носи ризици и дека постои можност Иран да изврши напад врз Израел.