Велика Британија основа стручна група за подготвеност за идни пандемии
Foto

Велика Британија основа стручна група за подготвеност за идни пандемии

Велика Британија денеска соопшти дека ќе формира нова меѓународна експертска група која ќе помогне во зајакнувањето на глобалната подготвеност за следната пандемија и забрзување на развојот на вакцините против идните болести кога ќе се појават.

Иницирано под британско претседателство со Г7, Партнерството за подготвеност за пандемија (ППП) ќе им биде претставено на лидерите на Г7 на самитот во јуни и ќе советува за тоа како да се постигне целта на премиерот Борис Џонсон за развој на вакцина против идните болести во рок од 100 дена.

– Како претседавач на Г7, Велика Британија е решена да работи со своите партнери за да го намали ризикот од коронавирус и да ја зајакне глобалната подготвеност за идните пандемии, рече министерот за здравство Мет Ханкок пред виртуелниот дводневен состанок на групата.

– Оваа нова експертска група ќе ги насочи нашите напори во наредните години да ги заштитиме луѓето насекаде од нови болести и да спасиме животи, појасни тој.

ППП ќе биде предводена од Патрик Валенс, главен научен советник на британската Влада, а управувачката група ќе вклучува директори од компании кои произведоа вакцини против Ковид-19 –  Астра Зенека, Фајзер и Џонсон и Џонсон, како и научници.

Велика Британија, исто така, најави 16 милиони фунти повеќе финансирање за Коалицијата за иновации во подготвеност за епидемии за поддршка на глобалното снабдување со вакцини и развој на вакцини.

0 Коментари

Остави коментари