Велигденски концерт на Македонската филхармонија

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе го одржи Велигденскиот концерт насловен „Низ трње до ѕвездите“ на кој првпат ќе биде изведена „Голема миса“ во це-мол, вокално–инструментално ремек-дело на Волфганг Амадеус Моцарт. Диригентка е Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти ќе настапат сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова Краповски, тенорот Благој Нацоски и басот Игор Дурловски.

Настапува и хорот „Едикт“ од Ниш.