Велигден во Охрид
Река од верници ги преплавија многубројните црковни храмови во Охрид балканскиот Ерусалим кој и оваа година величенствено го дочека Христовото Воскресение. Точно на полноќ со домаќините jајца кршеа и туристите кои овој викенд гостуваат во туристичкиот центар.
Со желби за добро здравје и среќа,лошите работи да останат зад нас, граѓаните го дочекаа христовото воскресение.. Централната богослужба традиционално се одржа на Плаошник во храмот Свети Климент и Пантејмон но преполни беа и останатите храмови.
Празникот Велигден е вистинска можност целото семејство да се собере на заедничка трпеза. Велигденската софра е најбогата, во чест на Бога се принесува се што подготвиле домаќинките.
Бидејќи Велигден е семеен празник исполнетоста на сместувачките капацитети е 50 процентна.Од хотелскиот сектор велат дека периодов иако има пад во гостувањата сезоната очекуваат да биде одлична.
Според најавите бројот на туристи ќе биде далеку поголем за Први мај.