Велев во 24 анализа: Државата годинава навреме распиша тендер за набавка на инсулинска терапија, се надеваме нема да има проблеми како претходните години

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Димче Велев во 24 анализа рече дека задоволен е поради тоа што после 9 години државата навреме распишала тендер за набавка на инсулинска терапија. Според него терапијата е нова и иновативна која ќе им го олесни животот на пациентите.

„Се надеваме дека со ова набавка нема да имаме кризи како што беа кризите минатите години. Ние баравме и 3000 пациенти со дијабет Т1 да добијат сензори, барањето го доставиве до Собранието но не игнорираа и за тоа наше барање добивме поддршка од меѓународните организации. Направивме истражување кое покажа дека еден сензор заштедува 6 пати од буџетот на еден пациент“, рече Велев.

Тој рече дека е задоволен од листата на лекови што ја виделе на тендерот.

„Листата што ја видовме е со нови терапии, иновативни, количински се надевам ќе бидат доволни, и нема да се случи како претходните години пациентите да земаат еден инсулин па кога ќе го снема да им се дава друг поради грешки од административни причини. Тоа е лошо за телото“, изјави Велев.

Велев објасни и дека мора да има поголеми контроли за пациентите кои ги користат сензорите бидејќи некои од нив воопшто не ги користат.