Велешкиот театар поканет да учествува на театарски форум во Сеул, Јужна Кореја
Велешкиот театар Јордан хаџи Константинов Џинот доби покана да го претстави своето портфолио на еден од најголемите татарски форуми во светот, кој ќе се одржи во јужнокорејската претстолнина Сеул.
Ова доаѓа откако во последните неколку сезони, овој театар на својот репертоар постави висококвалитетни театарски претстави, кои му донесоа и неколку меѓународни награди и признанија.