Велешани најавуваат протести – бараат да запре работата на каменоломот
Foto

Велешани најавуваат протести – бараат да запре работата на каменоломот

Во интерес на градот е каменоломот да работи, но не по секоја цена. Здравјето на луѓето е пред се. Ова го порачаа револтираните граѓани на велешките населби Pревалец и Tунел, најзасегнати од загадувањето од оваа фабрика. На јавна расправа, пред нив, сопственикот на каменоломот, фирмата Tехно Pавер, денеска го презентираше проектот со кои се обидува од државата да добие “A“ интегрирана дозвола. Од еколошкото друштво Вила зора проектот на „Техно павер“ го нарекоа несериозен, аматерски и нецелосен. Бараат стручна експертиза, но во меѓувреме каменоломот да сопре со работа. Во спротивно, домашните и меѓународните судови ќе бидат местата каде што ќе се бара правда.

Претставникот на министерството за екологија, одговорен за давање на интегрирани дозволи ги уверуваше присутните дека каменоломот нема да добие дозвола ако не работи по закон. Но, тој не знаеше да одговори зошто фабриката работи пред да ја добие дозволата. Топката ја префрлаше кај инспекторатот за животна средина. Оттаму, претставник на јавната расправа немаше. На крајот, градоначалникот коцевски во име на граѓаните го пренесе заклучокот од денешниот состанок. Овие снимки се направени во истовреме додека јавната расправа траеше, а претставникот на техно павер ги убедуваше граѓаните дека каменоломот не работи. На нив се гледа облак од прашина кој се крева од кругот на каменоломот и камиони кои влегуваат во фабриката. Засега, нив ги гледаат сите, освен државните инспектори за животна средина.

0 Коментари

Остави коментари