Велешанец плукал крв и кашлал, во болницата прашале зошто сте го донеле
Foto

Велешанец плукал крв и кашлал, во болницата прашале зошто сте го донеле

78 годишен велешанец пред три дена починал, откако бил на преглед на инфективното одделение во велешката болница и се жалел на симптоми слични на оние на коронавирус. Откако лекарката која го прегледала му кажала дека симптоми нема и дека нема да биде хоспитализиран, тој заминал дома и ножта починал.

Неговото семејство тврди дека причина за смртта е лекарска негрижа. Потресени од загубата, не сакаа да се снимаат, но по телефон раскажаа што се случило.

„Татко ми неколку дена имаше температура, многу кашлаше, плукаше крв и беше омалаксан. На наше инсистирање, во вторникот му беше направен корона тест. Во меѓувреме му се влоши состојбата па со упат го однесовме на инфективното одделение во велешката болница. Едвај ја убедивме брзата помош да ни испрати возило. Лекарката од инфективно која го прими, почна дрско да ни се обраќа со зборовите: Зошто сте го донеле? Какви врски сте фаќале за да му направат тест? Не го прегледа, туку само не прашуваше нешто. Одлучи дека нема симптоми на коронавирус и не пратија дома. Вечерта татко ми почина, откако не можел да дојде до воздух.“

Од велешката болница велат дека засега не можат ништо да кажат за случајот, се додека не стигнат резултатите од тестот за коронавирус, но тврдат дека според епидемиолошката анкета која ја направиле, утврдиле дека 78 гoдишниот велешанец не бил во контакт со заразени и немал симптоми кои укажуваат на вирусот, па затоа и не бил хоспитализиран.

Од Центарот за јавно здравје во Велес велат дека резултатот од тестот на починатиот се уште не е стигнат. Семејството е збунето. Телото на нивниот роднина три дена е во капела и никој не им кажува зошто не можат да го погребаат.

0 Коментари

Остави коментари