Вечерва започнува 46. издание на МОТ
Foto

Вечерва започнува 46. издание на МОТ

Претставата „Како крајот и да не е сосема блиску“ на Битеф театарот вечерва го отвора 46тото издание на интернационалниот театарски фестивал - Млад отворен театар.

Фестивалот ќе се случува во два блока, едниот од денеска па до 26ти ноември, а вториот блок од втори до седми декември, со програма од 26 внимателно селектирани претстави. 

Првиот блок на фестивалот е посветен на меѓународна програма во која ќе гостуваат претстави од Австрија, Словенија, Бугарија, Турција, Србија и Хрватска, а вториот на домашната независна продукција. Вториот дел ое посветен на независната домашна продукција. 

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура. 

0 Коментари

Остави коментари