Вечерва во турскиот град Баликесир е уапсен Љупчо Палевски Палчо

- Кривичната пријава против петте осомничени е изготвена на повеќе од 100 страници и е предадена во Обвинителството, влучуваји ги и доказите, соопшто министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на вонредната прес конференција.

- Кривичната пријава против петте лица е веќе изготвена на повеќе од 100 страници, вклучувајќи ги и доказите приложени во неа и предадена на Основното јавно обвинителство. Со неа се опфатени пет лица, од кои еден за грабнување и за убиство, тројца за грабнување и за соизвршителство при убиство и еден за помагање при грабнување, предвидени со нашиот Кривичен законик, кои се осомничени согласно доказите кои полицијата ги прибра во предистражната постапка. - рече Спасовски.

Вечерва е уапсен и главниот извршител и организатор и креатор на овие кривични дела е фатен илиѓен во слобода во Турција, идентично на нашите оперативни сознанија за патеката на движење на осомничениот. Тоа беше последната алка од овој грозоморен чин за да ги разобличиме овие монструми. Вчера попладне на барање на МВР беше распишана итна меѓународна потерница на Интерпол. Тоа е црвената потерница која стана видлива во сите земји членки на Интерпол. Постапката за екстрадициониот притвор продолжува по процесура на МВР се додка лицето не биде спроведено во Македонија и изведено пред суд. - рече Спасовски.

Спасовски ја објасни и постапката на лоцирањето на Палевски и неговото движење.

- Вчера неговиот адвокат го однел во Србија, таму е оставен во еден хотел, оттаму наредниот ден го презема друго лице од Скопје со џип Ренџ ровер и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија има транспорт низ територијата на Бугарија и влегува во Турција. Таму оди во градот Баликесир и нашите служби од секторот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт директно со власти и и полицијата и со еден нивен оперативен извор кој што за кратко време врати повратна информација, дека лицето е во тој град и ни кажа за неговите намери. Оттука сакал да замине во Истанбул, се подготвува и со такси возач оди во Истанбул и тука е симулирањето негово и се враќа назад во Беликесир и денеска попладнево од страна на турската полиција е уапсен додека се движел пешки по улица во Баликесир. - објасни Спасовски.

Спасовски ги покажа и фотографиите од приведениот Палевски фотографирани од турската полиција. Рече дека ќе започне веднаш со процесот на екстрадиција.